БЕЈЛИ ГО СТРОИ ,,ДНЕВНИК“: Бизарна ви е приказната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизарна сторија во „Дневник“. Американска дипломатска мисија во Скопје е помала од оние во сите соседни земји на Македонија, е реакцијата што вчера се појави на социјалната мрежа „Твитер“ од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија, пишува денешен „Дневник“.

dzes-bejli-e1486207926836-740x408

Освен ова, во вториот твит е наведено „дипломатија не се прави на квадратен метар“, а што, сигурно, се однесува на суштината на вчера објавениот текст во „Дневник“, чијшто наслов и главна поента беше дека „САД во Скопје имаат трипати повеќе дипломати отколку во Софија и двапати повеќе отколку во Тирана“.

Очигледно, од реакцијата на дипломатското претставништво на САД сметаат дека не се точни наводите во текстот дека нивната мисија има повеќе ангажирани дипломати отколку во соседните земји. А податоците во текстот се преземени од интернет-страниците како на министерствата за надворешни работи на земјите така и од оние што се достапни на страниците на американските амбасади во повеќе земји, па не е јасно зошто амбасадорот се расправа со нас. Така, на интернет-страницата на македонското МНР, http://www.mfa.gov.mk/index.php/mk/ministerstvo/protokol/akreditirani-dkp-vo-makedonija, може да се види дека на листата со американски дипломати има 55 акредитирани службеници.

Преку линкот http://www.mfa.gov.rs/sr/images/dipllist/2017/diplomatska%20lista%2010%20mart%202017.pdf лесно се проверува и колку дипломати на САД, на пример, има во Србија. Таму се гледа дека во земја која има речиси седум милиони жители и на површина од 77.000 квадратни километри има 53 американски дипломати. Значи, помалку отколку трипати помала држава каква што е Македонија. Слични докази може да се најдат и во други земји.

Тогаш дали навистина Амбасадата на САД во Македонија е најмала во однос на сите од соседните земји? И што е бизарно во дилемата на еден весник зошто се потребни толку дипломати во една мала земја каква што е Македонија, па макар како мерка се земат бројот на населението и површината?, прашува весникот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This