Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли во текот на целиот избирачки ден можеше да се забележи по избирачки места низ општините Кисела Вода и Гази Баба, каде што има втор круг. Овие фотографии на кои Бејли е сликан со активисти на СДСМ, покажуваат дека американскиот амбасадор директно е вклучен во изборниот процес.
Дискутабилно е што бара амбасадор на странска држава на избирачки места на ден на избори кога тоа е надвор од неговиот делокруг на работа и цел за која е акредитиран, но и во целосна спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи (ВКДО) која го регулира делокругот на овластувања кои може да ги има еден акредитиран шеф на дипломатска мисија.
Имено според член 3 од ВКДО се регулирани функциите нна дипломатските претставници.
Шетањето по избирачки места на ден на избори во државата каде е акредитиран амбасадорот не спаѓа во делокругот на надлежности на истиот и не е предвидено со мегународните прописи.