БЕЈТА И ТЕУТА ИМ БИЛЕ НАЈДОБРИТЕ КАНДИДАТИ: Ако сум член и поддржувач на СДСМ не би се чувствувал убаво кога би слушнал дека Теута Арифи е најдобар кандидат во Тетово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на својот колега од СДСМ, Александар Кирацовски во денешната дебата на телевизијата Канал 5 му порача дека доколку тој би бил поддржувач на СДСМ не би се чувствувал убаво кога би слушнал дека Теута Арифи е најдобар кандидат за Тетово.

Ова уследи откако Кирацовски рече дека СДСМ не номинирала свој кандидат во Гостивар и Тетово зашто во партијата немало подобар кандидат од оние на нивните коалициони партнери.

-Искрено кажано, навистина не би се чувствувал пријатно да сум поддржувач и член на Социјал-демократскиот сојуз кога ја слушам оваа изјава на господинот Кирацовски дека Невзат Бејта е најдобар кандидат во Гостивар, или Теута Арифи е во Тетово. Нема да се чувствувам убаво, навистина, истакна Мицкоски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја заклучи коалицијата во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, но потенцираше дека партијата е отворена и за други партии.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This