БЕЌО ЗАРАБОТИЛ И КРИВИЧНА: Обвинителството покренало постапка против Бекир Асани за нападот на полицајката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напаѓачот на полицјаката која асистираше на пајак-службата кај ТЦ „Мавровка“, функционер на ДУИ, Беќир Асани освен прекршочната пријава добил и пријава од ОЈО, информираше вчера Оливер Спасовски на „Канал 5“ телевизија

 

Според Спасовски, сите докази кои МВР ги има во врска со настанот биле предадени на Јавното обвинителство кое пак започнало постапка по однос на доказите, не негирајќи дека имало напад врз полицајката. 

– Ние веднаш во истиот момент после настанот е поднесена прекршочна пријава во делот на омаловажувањето (на полициски службеник), воедно сите докази кои што се прибрани и од страна на внатрешна контрола која што работеше на случајот, се доставени до Јавното обвинителство на Р.Македонија. Значи не завршува постапката со прекршочната пријава. Истата нема врска со постапката пред јавното обвинителство. Доставени се сите докази кои што ги имавме, предадени се и снимките до кои што имавме пристап во тој момент. – изјави Спасовски.

Тој објасни дека без разлика дали се работи за функционер на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ полицијата ќе постапува еднакво.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This