April 19, 2024, 10:20 pm

БИВШИОТ ШЕФ НА ЦИА ЗА БАЛКАНОТ: Некои граници се неодржливи, Македонија е дел од процес на поделба со цел формирање на Голема Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е доцна за поделба на Косово, смета бившиот заменик шеф на ЦИА за Балканот Стивен Мејер, кој верува дека границата на поделбата би требало да оди долж реката Ибар. Тој истакнува дека и Белград би требало да отстапи од бриселскиот процес, а како најдобро решение за Балканот гледа меѓународна конференција на која би биле разгледани граници

kosovo_arkan_vojska

Мејер наведува дека предлогот за свикување на конференција го изнел пред неколку месеци и предупредува дека етничките прашања одново се вжештуваат на Балканот, па пред да избие било какво насилство би било мудро на една таква конференција да биде разгледана можноста за промена на границата – Ова би требало да се случи во рамки на овластувањта на генералниот секретар на ОН. САД и ЕУ би требало по секоја цена да останат надвор од овој процес. Во последните неколку дена видовме дека претседателот Николиќ се заканува со употреба на српската војска. Разбирам зошто тоа го изјавува, но не треба да дозволиме ситуацијата да оди така далеку. Балканските лидери мораат да гледаат напред за да работат на прашањата за границите. А границите на многу места не се одржливи.

Вие предлагате како една од можностите да биде и запирање на бриселскиот дијалог. Кои рамки би бил најоптимални? Дали е тоа враќање на дијалогот под закрила на ОН?

– Мислам дека Белград треба да го запре бриселскиот процес. Тој не води никаде. ОН е можност. Но Белград треба прво да ги предложи Приштинските директни преговори, што веројатно ќе биде одбиено.

Гледано во поширок контекст на случувањата во Македонија, дали поделбата на Косово би било чекор кон остварување на „Голема Албанија“?

– Да, тоа би можело да биде чекор кон „Голема Албанија“, но тоа не би претставувала нужна опасност за Србија.

Мејер смета дека во Македонија е започна процес на поделба на земјата, со цел конечно компонирање на деловите на Голема Албанија, по закрила како што вели на САД и НАТО, поради што и повикува во наредниот период лидерите од Балканот да се согласат околку зедничка конференција на која ќе се разгледаат границите помеѓу земјите на Балканот, но притоа да се ограничат од присуство претставници на САД и ЕУ.

Во Македонија, идејата за Голема Албанија на голема врата ја турка Зоран Заев, и неговите радикални пријатели од БЕСА кои добија силна поддршка од Амбасадата на САД. Од друга страна, коментарот дека Голема Албанија не би била голема пречка за Србија, укажува на фактот дека Дачиќ со последната навредлива изјава за Македонија има за цел дополнително да ги влоши меѓуетничките односи во Македонија, а на очигледна нарачка на „чадорот“ кој ги поддржува токму партиите на Заев и Дачиќ, но и оние на Хашим Тачи и БЕСА.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This