БИГОРСКИ МАНАСТИР СО АПЕЛ ДО ХРИСТИЈАНИТЕ ЗА СТPАДАЛHАТА НЕДЕЛА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Страcната седмица, последната недела пред Велигден – Пасха, е посветена на последните настани од Христовиот живот на земјата. Во неа Светата Црква постепено и богомудро, низ призмата на љубовта воочлива во богослуженијата, ни ги разјаснува овие настани, подготвувајќи нѐ да чекориме по патот на Стр адањата Христови, од Витанија до Голгота, од Голгота до погребението, до празниот гр об, од царскиот пречек приреден за Христа во Ерусалим, сѐ до мигот на Неговото Воскресение.

Преку светите богослужби, Црквата потполно нѐ пренесува во овие спасоносни настани, нѐ приближува до Христа, нѐ поттикнува духовно да размислуваме за Рас петието и Воскресението Христово. Присуствувајќи на нив, верните пред своите очи гледаат како се извршуваат собитијата од последните денови на Христовиот живот и мислено ги набљудуваат и литургиски учествуваат во стра данијата Христови, упатувајќи ги своите мисли и срца да се соживеат и сораспнат со Него. Црквата нѐ повикува да го скрушиме духот, и да размислуваме не само за Христовите Страданија, туку и за нашите слабости и гре вови кои Го натераа Бога да пос трада.

Затоа воопшто не прилега за време на Страсната и Велика седмица, особено во деновите Велик Петок и Велика Сабота и трите дена на Воскресението, да се изведуваат настани кои ги спречуваат верните да учествуваат во тоа литургиско доживување на спасоносните Христови Страдања и Неговото светло Воскресение.

Следствено, би сакале да испратиме апел овие дена да не се организираат никакви натпревари, забави, митинзи, туристички и шопинг патувања и сл. Потоа, пожелно е и работодавците во овие величествени денови (барем од Велик Петок, кој е и државен празник, до третиот ден на прославувањето на Воскресението) да ги ослободуваат своите вработени, за истите да можат да присуствуваат на богослужбите и да Му ги посветат своите мисли и дела на Бога. Ако не сакаат да Го следат Христа за време на овие последни собитија, тогаш нека покажат барем почит кон делото што Он го извршил и тоа ќе им донесе благослов Божји.

Исто така, ги повикуваме и сите трговци и сопственици на маркети ако не ги намалуваат, барем да не ги поскапуваат цените на производите, за да можат и посиромашните да си ги дозволат потребните услови за достојно и радосно празнување на Празникот над празниците.

Трендот на поскапување на цените во пресрет на Велигден го наследивме од претходниот атеистички општествен систем, кога верата била ставена на маргините од општеството. Нашите предци, пак, во минатото секогаш се грижеле за сиромашните, особено за овие големи празници, и затоа го имале Божјиот благослов.

Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This