БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ: 10 симптоми кои укажуваат на рак, а кои сите ги игнорираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако забележите, или успеете да откриете канцерогено заболување во неговата рана фаза, шансите за лечење на оваа болест се доста големи. Некои симптоми можат да бидат и доста вообичаени и лесто забележливи, но сепак голем број луѓе ги занемаруваат.
rak_x-ray
Ова се 10-те најчести симптоми на рак:

1. Недостаток на воздух (мал здив)
Еден од симптомите кои укажува на рак на белите дробови, а е игнориран од повеќемина е отежнатото дишење и недостатокот на воздух. Пациентите со регистриран рак на белите дробови велат дека ги имале овие симптоми но никогаш не презеле ништо и не се прегледале. Во вакви ситуации, луѓето премногу често си поставуваат сопствени дијагнози и се прашуваат дали можеби имаат астма.

2. Хронична кашлица и болки во градите
Неколку типови на канцерогени заболувања ги имаат овие симптоми, вклучително леукемијата и ракот на белите дробови, најчесто овие симптоми се манифестираат и погрешно се интерпретираат како бронхитис или кашлица. Една од разликите кои можете да ја забележите помеѓу бронхитисот и симптомите на ракот се непрестајното каплање со ретки прекини. Исто така се јавуваат и константни болки во градите. Доколку имате вакви симптоми веднаш консултирајте се со доктор.

3. Чести инфекции
Честите инфекции се симптом кој се јавува во раните фази на заболени од леукемија. Имено, кај леукемијата бројот на белите крвни зрнца непропорционално се зголемува, со што се јавува неефективност кај организмот во борба против инфекциите. Леукемијата е често дијагностицирана и кај возрасните преку симптоми кои наликуваат на грип и треска.

4. Отежнато голтање
Доколку имате симптоми на отежнато голтање, тогаш тоа речиси секогаш е поврзано со рак на белите дробови или рак на матката, односно тоа е еден од првите симптоми кај овие канцерогени заболувања.

5. Потечени лимфни јазли под пазувите или препони
Зголемени лимфни јазли речиси секогаш се симптом на канцерогено заболување. Зголемените лимфни јазли или слични израстоци под пазувите се симптом на рак на градите, додека кај препоните може да биде ран знак за леукемија.

6. Прекумерно појавување на хематоми (модрици)
Овој симптом најчесто се поврзува со абнормалности кај црвените крвни зрнца. Појавата на хематоми(модрици) на чудни места како на прстите на рацете и дланките, црвенило по градите и лицето се знаци кои несмеете да ги игнорирате бидејќи може да укажуваат на ран зачеток на леукемија.

7. Болки во абдоменот и карлицата
Болките во абдоменот и карлицата се доста чести и не секогаш се поврзуваат со канцерогени болести. Најчесто болката во карлицата може да биде симптом за циста на јајниците. Знак кој дефинитивно не треба да биде игнориран.

8. Ректално крварење
Еден од првите знаци за рак на слепото црево е ректалното крварење, односно појава на крв во столицата. Во случај да ги забележите овие симптоми веднаш консултирајте се со доктор.

9. Губење на тежина
Доколку забележите топење на килограмите, без никаква очигледна причина, и без некои позначајни промени во вашата секојдневна исхрана тогаш треба да се запрашате зошто е тоа така. Губењето на тежина без причина е ран знак за рак на дебелото црево, намалување на апетитот и неспособноста на телото да се прочисти од отпадот.

10. Промена кај ноктите
Чудни промени кај ноктите може да биде знак на различни канцерогени заболувања. На пример, кафените или црни дамки и линии на ноктите се индикатор за рак на кожата. Бледи или бели нокти се знак дека вашиот црн дроб не функционира правилно, што може да биде знак за рак на црниот дроб.

Направете ги вашите прегледи денес, и бидете чисти од сомнежи!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This