БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ:Направете декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребно ви е само малку труд и креативност со цел да ја направите најдобрата зимска декорација за вашата дневна соба. Студеното време, кратките денови и првиот месец во годината не се изговор да не правите ништо и едноставно да чекате да пројде зимата. Времето што го минувате во вашиот топол дом можете да го искористите за активно надградување на својата креативна страна. Па, ако сте вешти со своите раце и ако барате нов проект за јануари – тогаш имаме одличен предлог за вас!

За овој проект ќе ви бидат потребни:
Една голема свеќа
Лента со чипка
Лепило
Стапчиња цимет
Декоративни детали по ваш избор, како шишарки, цвеќиња, снегулки…

Начин на подготовка:
Залепете ги стапчињата цимет за свеќата и почекајте лепилото да се исуши, а потоа обвијте ги со лентата.

Оставете да отстои малку, за сè убаво да се залепи, и потоа почнете да ги редите декорациите што ги одбравте.

Вашата ароматична свеќа е готова! Откако ќе ја запалите, без сомнение ќе ја стоплите атмосферата и ќе го исполните домот со богата миризба на цимет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This