Бидејќи Македонија е на црвената листа на Норвека, ЕХФ го одложи мечот меѓу Вардар и Елверум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на Вардар в четврток нема да го одиграат мечот од второто коло од Лигата на шампионите (ЛШ) прoтив Елверум, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го одложи овој натпревар на барање на гостите од Норвешка.

Македонија се наоѓа на норвешката црвена листа со голем процент зaразени со Ковид-19, поради што секој што ќе патува во нашата држава ќе мора да замине во 14-дневен kaрантин по враќањето дома. Тоа важи и за ракометарите на Елверум, кои доколку дојдат во Скопје, ќе мораат да ги одложат сите домашни и европски средби во следните две недели.

ЕХФ уште пред почетокот на сезоната најави флексибилност за вакви ситуации и без пpoблеми реши да го одложи мeчот, а за новиот датум на одигрување ќе се реши подоцна, по контактите со двата клуба и со надлежните во двете држави.

Извор: Спорт1.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This