БИДИ ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА КОЈА ПОКАЖА КАКО СЕ САКА МАКЕДОНИЈА: Ти. Ти решаваш за тебе и твоето семејство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ти.Ти решаваш за тебе. За тебе и твоето семејство. За сопругот и сопругата и за децата. За твоите мајка и татко, за баби ти и дедо ти, за внуците. И кога решаваш, помисли и на твоите стари, и на оние кои одамна не се со нас, но и на оние кои допрва треба да живеат овде. Јазикот е нашата татковина, велеше Блаже Коневски, истакна вечерва Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4 од големиот митинг одржан во Струмица.

gruevski-strumica1-2
-Затоа гласај. Кажи му и на твојот сосед, пријател, соселанец и сограѓанин, на другарите од маало, на друштвото од средно, оние на клупите и на стадионите, во салите и фабриките, по пазарите и нивите, во зградите и куќите, дека на11-ти декември е денот. Потчукни ги по рамото, прегрни ги, кажи им доаѓа денот!!!!! Ова е вашата Македонија!!!! Сите вие одлучувате!!!! Вашиот ден. Нашиот ден. Кога ќе се слави повторно, кога Македонија ќе победи заедно со вас, со сите вас. Денот заради кој еден ден ќе бидат горди да кажат – Да! И јас бев делот од таа генерација која покажа како се сака Македонија! Дел од оние кои го победија мрачното сценарио за редефинирање на државата. Дел од храбрите и горди Македонци и граѓани на Македонија кои рекоа едно големо НЕ на оние кои го спроведуваат и стојат зад ова. Слободно, демократски, фер. Без притисок, убеди го во аргументите и разбуди ја вербата во него. Ако ја имаме да ја разбудиме, ако ја немаме да ја создадеме, велеше Гоце Делчев. И без страв, затоа што тебе никој не те исплашил нити пак може да те исплаши. Ти си дел од огромното мнозинство. Овој глас нека се пренесе низ целата наша држава. Од Струмица до Скопје, од Крива Паланка до Дебар, од Охрид до Куманово, Велес, Битола, Штип, Гевгелија…нека се пренесе гласот на победата.Гласот на вербата во Македонија! Спомените и плановите за напредок и успеси. Нека се пренесе гласот силно и отсечно, гордо и стамено. Тоа е гласот на нашиот народ кој си ја сака својата држава, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This