БИЗАРНА ОДЛУКА: Данска ќе ја легализира промената на полот за деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следејќи го својот прв акционен план за сексуалните малцинства, данската влада планира да размисли да им даде на малолетниците можност законски да го променат својот пол. Досега, конзервативците беа единствената партија која отворено се спротивстави на планот.

Со акциониот план симболично презентиран од страна на премиерот Ларс Лекке Расмусен на плоштадот “Виножито” во близина на Градското собрание во Копенхаген, владината коалиија во Данска има за цел драстично да ја подобри состојбата на ЛГБТ заедницата и да ја спречи дискриминацијата, објави данскиот весник Политикен.

Планот вклучува размислувања за тоа дали да им се дозволи на малолетниците, вклучувајќи ги и трансродовите деца, да се регистрираат со поинаков пол. Ова не опфаќа операција за промена на полот.

Министерот за рамноправност, Ева Кејр Хансен, која е назначена за координатор за ЛГБТ прашања за 2018-21 година, истакна дека има “многу изразено” движење за легализирање на правната промена на половите за оние на возраст под 18 години.

“Досегашното решение функционира како што треба, па сметаме дека е време да се разгледа дали оваа опција [на законска промена на полот] треба да постои и за оние помали од 18 години”, рече Ева Кејрн Хансен.

Според Кејрн Хансен, понатамошни детали мора да се земат предвид, 10-годишниот очигледно не е во истата фаза на развој како 16-годишник вели таа.

“Исто така, ова природно мора да се случи со дозвола на родителите. До кој степен мора да се исполнат и други критериуми, не можам да кажам во сегашно време, тоа мора да се разгледа во блиска иднина”, рече Хансен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This