БИЗАРНА ОДЛУКА: Предизвикала сообраќајна несреќа за да им докаже на децата дека постои Бог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бакари Варен од американската држава Џорџија, беше уапсена откако намерно предизвикала сообраќајна несреќа со цел да им покаже на своите деца дека Бог постои и дека ќе ги заштити. За среќа мајката и две мали деца, поминале без сериозни повреди.

 

Варен со својот џип удрила во бетонски столб со полна брзина, а пред несреќата им рекла на своите деца дека намерно ќе се удри во столбот и на тој начин ќе докаже дека Бог е вистински и дека ќе ги заштити ако тие веруваат во него. Нејзините две деца на возраст од пет и седум години биле на задното седиште во седишта за деца и поминале без повреди.

Откако полицијата дошла на местото на настанот, Варен признала што се случило и дека намерно се удрила со автомобилот во столбот. Бизарната одлука на Варен ја потврдиле нејзините деца, опишувајќи ги моментите што и претходеле на несреќата.

“Таа се престрои во спротивната лента, ги затвори очите и рече:” Бла бла, го сакам Бог ‘, а после тоа се удривме”, рече нејзиното дете кое било во колата.

Жената не негирала дека намерно се удрила со автомобилот, а во своја одбрана рекла дека ги предупредила своите деца да се врзат, бидејќи таа намерно под полна брзина ќе го насочи автомобилот кон бетонскиот столб. Сепак, обвинетата била уапсена на самото место и ќе се соочи со обвиненија за загрозување на безбедноста на децата. Кауцијата за нејзиното ослободување изнесува 22.000 долари, а до крајот на процесот, нејзините деца ќе бидат со своите баба и дедо.

“Можело да биде и полошо. Единствената среќа во овој бизарен случај е фактот што немало голем сообраќаен метеж, во спротивно можела да удри во друг автомобил и да ги загрози другите учесници во сообраќајот”, изјави шефот на полицијата Ерик Бутански.

Полицајците, кои биле на местото на настанот истакнале дека обвинетата не покажала некој голем интерес за сообраќајната несреќа, и дека за време на сослушувањето во полициската станица, обвинетата ја проверувала својата Фејсбук страница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This