April 26, 2024, 11:49 pm

БИЗНИСМЕНОТ РОБЕРТ МИЛЕСКИ СО KЛЕTВИ ДО ВЛАСТА: На сон да ви идат мpтите од Егејска Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Видете какви кукавици седат во Владата. Читајте ја изјавава на оваа несреќа Бошњаковски (Портпарол на Владата), која фактички ја дава во наше име, пишува бизнисменот и активист Роберт Милески:

“Владата го нагласува член 4 став 3 од Преспанскиот договор, со кој се обврзуваме да не се мешаме во внатрешните работи на Грција, вклучувајки ја заштитата на правата на лицата кои не се наши државјани. Владата изразува целосно разбирање и почитување дека ова прашање, за тоа кои јазици се изучуваат во Грција е прашање на внатрешни политики и прашање на внатрешни работи на Грција. Изразуваме жалење доколку некој коментари биле разбрани и протолкувани на погрешен начин”, изјави Бошњаковски.”

Според Милески портпаролот отворено кажува дека владата се откажала од македонските малцинства во соседните држави и нив ги интересира само државјани на Северна.

“А претходно цело време трубеа лажејќи, сега во Собрание и наоколу го лажат народот дека не се откажале, туку тоа било сега по “европски стандарди” (ама кога има будали да ве веруваат). Абе племето ваше предавничко! Да даде Бог сон да не видите и навечер да ви доаѓаат сите жртви од тие региони од кои се откажавте”, порачува Милески кој смета дека ако Македонија е нормална држава “вие сите ќе одговарате и тоа точно за истиот член од кривичен по кој се товари оној Атанасовски од УБК – Здружување заради непријателска дејност! Ајде, Господ е голем!”, заклучува активистот Милески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This