April 26, 2024, 10:47 am

БИЗНИСОТ СО OPУЖЈЕ НАЈПРОФИТАБИЛЕН: 420 милијарди долари заработиле компаниите за opyжје и вoeни услуги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сто најголеми компании во светот за производство на opyжје и понудувачи на вoeни услуги минатата година го зголемија профитот за речиси пет отсто, објави Меѓународниот институт за истражување на миpот во Стокхолм (СИПРИ).

Вкупниот промет изнесувал 420 милијарди долари, што е 4,6 отсто повеќе отколку во 2017 година. Светското производство на opyжје е зголемено за 47 проценти во однос на 2002 година, тоа се податоците на СИПРИ за обртот на стотте најголеми производители на opyжје.

Според институтот, Американците доминираат, рускиот профит малку се намалил, додека за Кина нема податоци.

Раст на продажбата бележат пред се пет најголеми американски претпријатија.

Европските компании, исто така, забележиле мал раст на продажбата од 0,7 отсто, продавајќи opyжје и вoeни услуги за 102 милијарди долари.

Прометот на руските компании се намалил за 0,4 отсто. Вкупно во тековната година изнесувал 36,3 милијарди долари. Од 2009 година уделот на руските компании во производството на opyжје континуирано се зголемувал, наведува СИПРИ. Причина е пред се зголемувањето на руските инвестиции во производството на opyжје поврзано со примената на големиот план за вoeна модернизација во период меѓу 2011 и 2020 година.

Првпат од 2002 година група од пет најголеми производители на opyжје ја сочинуваат исклучиво американски компании кои имаат дури 35 отсто од профитот меѓу 100-те најголеми производители на opyжје во светот.

Само „Локид Мартин“ има 11 отсто од вкупната продажба на стотте нaјсилни фирми, а минатата година била плодна за тој концерн најмногу поради продажба на авионите Ф-35.

Меѓу 100-те најголеми компании се наоѓаат 27 од европскиот континент. Предност има Велика Британија, чии големи компании продале opyжје и услуги за 35,1 милијарда долари, потоа следуваат француските со 23,2 милијарди и германските со 8,4 милијарди долари.

На листата на 100 најголеми светски производители на opyжје се наоѓаат и компании од осум други земји: Израел, Индија, Јужна Кореја, Турција, Австралија, Канада и Сингапур. Овие концерни вкупно остваруваат промет од 36,2 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This