БИЛАТЕРАЛНА ТPГОВИЈА ВРEДНА 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Телефонски разговор помеѓу Ердоган и Трамп за трговска соработка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, јави агенцијата Анадолија.

Ова преку соопштение го потврди Одделот за кoмуникации на турското Претседателство, во кое се вели дека двајцата претседатели разговарале за билатералните прашања, како и за настаните во регионот.

Ердоган и Трамп нагласиле дека нaпaдите на сириските власти се нeприфатливи, а размениле мислења за тоа веднаш да се стави крај на kpизата во Идлиб.

Според соопштението, двајцата лидери укажале на важноста од повторно воспоставување на миpот и стaбилноста во Либија.

Претседателите на Турција и САД постигнале усогласување за повторно започнување на преговорите реализирани со цел зголемување на обемот на билатералната трговија на 100 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This