Била дел од kaбинетот на Бучковски: Hикoгaш нe работела како cyдија, но стана пpeтceдател на Cyдскиот coвет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред четири и пол месеци стана член на Судскиот совет а од денеска е и прв човек на ова највисоко судско тело што бира разрешува и оценува судии. Павлина Црвенковска беше единствен кандидат.

Следеше аплауз честитки од членовите а новата предводничка на Советот уверуваше дека ќе биде прва меѓу еднаквите, ќе работи на зголемување на дигнитетот на правосудниот систем и згоемување на довербата на граѓаните. Им испртати порака и на судиите да рабаотат професионално чесно законски без страв притисоци и влијанија.

Она што е интересно е што таа нема ниту еден работен ден како судија, во нејзината биографија е запишано дека од 2006 до сега работела како судски советник во скопска апелација. Претходно од 2002 работела како раководител на одделение во министерството за одбрана а потоа и државен советник во Владата. Во нејзината кариера е запишано адвокатското искуство. Според Црвенковска тоа што работела на раководна и на советничка функција за време на владите на СДСМ вели не ја прави блиска до политиката.

Од шеф на кабинет на Бучковски до делител на правда не бива. Павлина Црвенковска од партиски функционер на СДСМ стана претседател на Судски совет. Независноста на судската власт е обврска. Не може партиски човек да одлучува за работата на судиите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Какви ќе бидат одлуките на Црвенковска партиски или независни?! Со Црвенковска на чело на Судски совет пак ќе гледаме како ЈО и судството работат под диктат на Заев и како нема ниту една постапка против него. Ќе гледаме како нема разрешници за Мафија 1 и 2, за Шик Јелак, за Еуростандард, за сите скандали и афери, кои не се ни добројуваат, посочуваат од партијата.

-Грубо е да се инсинуира дека поради тоа што во одреден период од мојата кариера сум работела во органи од управата, јас сум тука каде што сум. Тука сум затоа што поседувам личен морален интегритет, големо професионално искуство посебно во правосудните органи, од основен до апелациски суд, сум била и адвокат, тврдеше Црвенковска во изјава за медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This