БИЛЕТИ ЗА ЛИТУРГИЈАТА НА ПАПАТА МОЖЕ ДА СЕ ЗЕМАТ ДО 3ТИ МАЈ: Освен во католичките парохии можат да се земат уште на три локации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните кои сакаат на 7 мај да присуствуваат на централниот настан односно светата литургија на плоштадот „Македонија“, освен во католичките парохии во државата, бесплатни билети од 30 април до 3 мај ќе можат да подигнат и од три дополнителни локации во центарот на Скопје. Првата е на улица „Македонија“, кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, вотрата на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“, а третиот пункт е поставен на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост).

На наведените локации од утре (30 април) ќе бидат поставени дрвени штандови, кои заклучно со петок (3 мај) ќе работат од 9:30 до 17:30 часот. Покрај тоа што на нив ќе може да подигнат бесплатни билети за литургијата на папата, граѓаните ќе може да се информираат и за посебните бeзбедносни и организациски правила кои ќе важат за време на неговата посета, на 7 мај – соопшти денеска Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциско во Скопје.

„Сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот ‘Македонија’ за да учествуваат на литургијата на папата Франциско, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот потребно е да се чува со себе сé до крајот на литургијата“, информираат од Координативното тело.

Освен правилата на однесување за време на светата литургија, на официјалната интернет-страница за посетата на папата Фрациско, www.papa.mk, објавени се и посебните сообраќајни правила за движење на автомобили и пешаци низ центарот на Скопје, кои ќе важат за време на неговата посета.

Седми мај ќе биде работен ден при што за сите државни и приватни капацитети ќе бидат обeзбeдени потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот ‘Македонија’ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворeната зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата – стои во соопштението.

На 7 мај, користењето на автобусите на ЈСП на територија на Скопје и железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје, ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација.

„Апелираме до сите граѓани кои живеат на територијата на Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили“, велат од Координативното тело.

Од таму појаснуваат дека посебниот автобуски и железнички возен ред за 7 мај наскоро ќе биде објавен на интернет-страницата на ЈСП, на интернет-страницата на Железници и на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This