April 26, 2024, 11:49 am

Биле cкpиeни во пoceбни пpeгpaди: 22 мигpaнти пpoнajдeни вo kaмиoни нa гpaницa co Унгарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Романската погранична полиција открила 22 илегални мигранти во три камиони. Мигрантите се од Авганистан, Сирија, Либан, Турција и Ирак. Тие биле скриени во посебни прегради во камионите, пренесе агенцијата Адјерпрес.

Седуммина мигранти од Ирак, на возраст од 16 до 26 години, биле откриени во камион кој го возел државјанин на Романија на граничниот премин Надлак II со Унгарија.

На истиот граничен премин, но во друг камион биле откриени петмина мигранти од Турција и Ирак.

На преминот РТФ Борс 2 во камион со полски регистарски таблички, кој го возел државјанин на Белорусија биле откриени 10 мигранти од Авганистан, Сирија и Либан, кои барале азил во Романија.

Како што се наведува, во сите случаи полицијата истражува дали возачите на камиони се вмешани во криумчарење луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This