БИЛТ ГИ ЗОВРЕ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лавина коментари на социјалните мрежи предизвика посетата на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лавина коментари на социјалните мрежи предизвика посетата на Македонија на поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт, кој како што самиот објави на својот твитер-профил доаѓа во извидничка мисија за да собере информации што ќе им бидат пренесени на европските лидери во однос на актуелната ситуација во Македонија.

19042017092554_web_za_web_1
Некои од коментарите се дека тој е познат како „војноносец“, односно каде и да замине тој во посета, во таа земја почнува војна.
На социјалните мрежи, Билт е окарактеризиран како освојувач на барикади, како негативна личност, која каде и да оди носи војни со себе.

Повеќето од граѓаните на социјалните мрежи отворено изразуваат поддршка на тоа што од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов соопштија дека средба на претседателот со Билт, не е планирана.
– Почит претседателе. Карл Билт е најголемата смешка од човек и најголем соросоид. Овој човек треба да се изолира од целиот свет и да се воведе ембарго за сѐ – се вели во дел од коментарите.

– Билт е човек што мрази сѐ што не е албанско. Потекнува од баба-соработничка на фашистите во Албанија во женските затвори, а пребегала со германска подморница. Оваа информација беше објавена во сите југословенски републики во времето на војната во Босна и Херцеговина, каде што овој христијаномразец се докажа со подлост – гласи еден од коментарите на Фејсбук.
– Овој човек немаше рејтинг во Шведска за добар премиер. Не го бидуваше за економски реформи и го ставија за надворешни работи. Имаше и доста голем број други критики што не излегоа во јавноста. Некој го турка од страната на НАТО – вели еден граѓанин.

Граѓаните го нарекуваат Билт со разни погрдни имиња, од што лесно може да се заклучи дека не е посакуван во државата.

Други, пак, велат дека Билт веќе докажал дека е душман на Македонија и пошироко на Балканот.
– Отворено се залагаше за агресија врз Сојузна Република Југославија, а сега истото тоа сака да се случи и во Македонија. Овој шведски дипломат има забрана за влез во Руската Федерација, па не би било лошо и кај нас да го снајде истото – коментира друг граѓанин.

Некои од коментарите велат и дека случувањата во Украина го натерале Билт во 2015 година да каже дека православието е главна закана на Западот, бидејќи околу него се собира Русија.
– Билт наместо да ги решава проблемите со мигрантите во Шведска, продлабочува кризи на Балканот – пишува друг граѓанин.

19042017092344_main_karl_bild_tviter

Извор: Нова Македонија

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This