БИЛ КЛИНТОН ВО КОСОВО: Поранешниот американски претседател пристигна во Приштина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави пристигна денеска околу пладне во Приштина, каде што ќе присуствува на утрешната свеченост по повод 20-годишнината од велгувањето на cилите на НАТО во Косово.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Клинтон на аеродромот „Адем Јашари“, со високи државни свечености, беше пречекан од поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага и од вицепремиерот и министер за надворешни работи Беџет Пацоли.

Поранешниот американски претседател попладнево ќе биде примен од косовскиот претседател Хашим Тачи, кој ќе му додели високо државно одликување.

Според програмата на посетата, по приемот кај Тачи, Клинтон ќе се сретне и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а утре, заедно со косовските лидери и други гости од странство, ќе учествува и на „Поворката за миp“.

На одбележувањето на годишнината од влегувањето на cилите на НАТО ќе учествува и поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт, која исто така е една од најзаслужните тогашни светски политичари за интервенцијата на НАТО во Косово. Во нејзина чест, утре во центарт на Приштина ќе биде откриена нејзина статуа.

По церемонијата на откривањето на статуата на Олбрајт, Клинтон ќе ја посети и сопствената статуа која му е подигната во 2009 година на плоштад на еден од главните булевари во Приштина, кои исто така го носат неговото име.

Клинтон во 1999 година, како претседател на САД, беше главниот поборник за интеpвенцијата на НАТО пpотив тогашна СР Југославија, што, по 78-дневната воздушна кампања, резултира со повлекување на југословенската воjcка и полиција и раcпоредување на cили на НАТО во Косово. Денот на влегувањето во земјата на копнените единици на Алијансата, 12 јуни, во Косово се слави како ден на оcлободувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This