Бил Клинтон зaвpши вo бoлницa нa интeнзивнa нeгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на САД веќе неколку дена е на лекување во болница во Калифорнија. Сепак нема причина за загриженост, бидејќи неговата општа здравствена состојба е добра, јавуваат американските медиуми.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон уште во вторникот бил примен на оделението за интензивна нега во Медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во крвотокот, изјавија неговите лекари.

Неговата состојба не е поврзана со претходните проблеми со срцето или со Ковид-19, објави на Твитер портпаролот на Клинтон, Анхел Урења.

Во 2004 година, политичарот имаше четирикратна операција за бајпас на неговото срце. Во 2010 година, му беа ставени два стента за да биде отворена артерија.

Објава може да погледнете ТУКА.

Како што пренесуваат американските медиуми, лекарите во соопштението навеле оти Клинтон ќе остане во болница поради следење на неговата состојба. Според нивните зборови, Клинтон е тука сместен поради приватност и безбедност, а не поради тоа што му е потребна интензивна нега. Тој е добро расположен, разговара со семејството и персоналот, а и станувал и шетал, велат лекарите и персоналот во болницата.

„По два дена лечење, бројот на неговите крвни зрнца опаѓа и добро реагира на антибиотиците. Се надеваме дека наскоро ќе може да замине дома“, истакнале лекарите.

Клинтон во Калифорнија бил на приватен настан за својата фондација, се чувствувал уморно во вторникот и е примен во болницата по извршените прегледи.

Демократот Клинтон беше претседател на САД од 1993 до 2001 година. Тој е оженет со Хилари Клинтон, која беше кандидатка на Демократската партија за претседателските избори во САД во 2016 година, на кои беше поразена од републиканецот Доналд Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This