April 24, 2024, 11:22 pm

БИЛ НИКОЛОВ ЗА „DARROW“: Зошто не ја заштитите мојата етничка група од oмpaзa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бил Николов, Претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права
Darrow.org.uk

 

Целиот мој живот сум го осудувал расизмот. Од кога помнам за себе бев активист за човекови права. Се згрозувам кога некого дискриминираат врз основа на неговото етничко потекло. Во исто време, низ текот на целиот мој живот, и јас самиот бев дискриминирам поради мојата етничка припадност. Сега, ја барам вашата помош. Ќе ми помогнете ли? Не, веројатно нема. Скроо да сум сигурен дека нема да ми помогнете. Но, За тоа малку подоцна.

Причината поради која што го пишувам овој текст е следната: поради тоа што има вести од кои ми се блуе Поради коментатори кои од една страна зборуваат за човекови права, осудуваат една страна – пред се Републиканската партија – затоа што поттикнува расизам и омраза. И знаете што? Во ПРАВО се за тоа. Но, притоа одбиваат да се погледнат себеси во огледало. Поради тоа ми е мака. Познатата аналогија за „стаклената куќа“ чии жители не би требало да фрлаат камења кон други е применлива тука. Но, да се вратиме на поентата. Не можете да осудувате расизам доколку и самите сте расисти. Немате право на тоа.

Мојата етничка група е на работ на пропаст поради луѓе кои осудуваат ДРУГИ за расизам. Демократите кои, нели, се „добрите момци“, пред многу години почнаа со план за преименување и редефинирање на мојата етничка група, на мојата држава, јазик и историја, се со цел да ги исполнат желбите на нашите поробувачи. Републиканците продолжија со оваа расистичка политика. Работите сега дојдоа до точка на вриење, и со секој ден што изминува, мојата етничка група се губи и исчезнува…

Дали би ви било важно да знаете која е мојата етничка припадност и пред да решите дека би сториле нешто да го спречите нејзиното исчезнување? За жал, важно ви е. Но, ако вие ми кажете дека на вас ви е потребна помош, јас ќе ви помогнам. Тоа го прават вистинските борци за човекови права.

Поради Соединетите Американски Држави и нивната расистичка надворешна политика, дојдовме до создавањето на еден документ во кој, на 19 страници, се редефинира кој сум јас и ми се кажува што сум јас. На најголемиот поробувач на мојата етничка група, со овој документ, им се предава мојата етничка група (притоа се игнорираат повеќе други поробувачи, кои исто така го бараат нашето име – каде е тука „еднаквоста“?) и се наведуваат конкретни случаи за тоа кога и како јас можам да се определувам себеси. На нашите поробувачи им се дава целосна контрола и можност да ја казнат мојата држава и мојата етничка група за „злоупотреба“ на зборови за кои мора да бараме дозвола од нив дали смееме да ги користиме. Дали ова ви изгледа дека е нормално?

За жал, стана норамално САД да се прават сосем спротивно од тоа што го зборуваат.Демократијата, човековите права и владеењето на правото, како и волјата на народот, станаа само празни фрази. Во реалноста, САД ја усоврши уметноста на уценување, поткупување, закани и притисоци, се со цел да го исполни замисленото. Конкретен пример – Џес Бејли, американскиот амбасадор во мојата земја, неодамна присуствуваше на седница на Собранието на која жени пратенички се држеа во приватни канцеларии, против нивната волја, додека не попуштија под притисоците и не се согласија да извршат предавство и да се откажат од нашето име. Кои беа последиците за тие што го одбија? Затвор за нивните најблиски членови на семејствата. А наградата за тие што послушаа? Стотици илјади евра. И потоа САД обвинуваат други држави за мешање во странски политички прашања. Нападот изгледа навистина е најдобрата одбрана..

Најтажното во сето ова, освен што културолошкиот геноцид врз мојата етничка група се врши поради потребите на американската надворешна политика, е во тоа што многумина од коментаторите кои ги спомнав погоре навистина веруваат во лагите кои ги шират наоколу. Тие се толку навикнати на комплексот на супериорност на Америка што веруваат дека американските вредности треба да се шират низ светот. Често пати ги слушаме овие коментатори како се расправаат меѓу себе, и велат „треба да си ја завршиш домашната работа“. Апсолутно се согласувам со ова. Ве молам , првин научете што се тоа американски вредности, а потоа дефинитивно ќе сакате да ги зачувате само за себе.

Всушност, втората најтажна работа во овој случај е што никој нема да ни дојде на помош, барем не со сериозна поддршка. Сакате да ме демантирате во ова? Ќе ни помогнете, и покрај тоа што не сме некоја голема и позната држава? Се сомневам. Но, јас и понатаму ќе ви помагам на вас. Бидејќи јас навистина верувам во вредностите кои ги промовирам.

Значи, да бидеме на чисто – јас сум Македонец. Моето семејство се бореше против бугарското, грчкото, српското и албанското ропство од 1913 година, кога Македонија беше распарчена и мојата земја растргната на четири страни и предадена на нашите нови поробители. Претходно, моето семејство 500 години се бореше против турското ропство. И против други, уште постари окупации. Нашето име, етничката припадност, јазикот и историјата, опстојуваа. Зошто тогаш САД им помага на еден од нашите поробувачи? „Победникот“ во оваа антимакедонска лотарија е Грција. Но, не грижете се, бидејќи САД ќе им помогнат и на Албанија и Бугарија во нивните разни видови на дискриминација против Македонците.

Република Македонија, која е независна од 1991 година, набргу ќе го загуби својот суверентиет, своето име и идентитет, поради американската надворешна политика. Името и идентитетот на сите делови на Македонија ќе исчезнат заедно со Републиката. Запрашајте се, што би сториле ако вакво нешто се случи на вашата етничка група.

Нашето име е Македонија. Човечкото достоинство бара да го браниме. Ве чекам да ни дојдете на помош, иако не се надевам премногу.

Бил Николов, Претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This