БИРОКРАТИЈАТА И ИНФРАСТРУКТУРАТА „АХИЛОВА ПЕТА“ НА НАТО: Алијансата не е спремна да одговори и да обезбеди брза заштита од напад!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За разлика од времето на Студената војна, денес НАТО доживува сериозни логистички проблеми, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтун“. Недостатокот на точни информации за европската инфраструктура, како и големите бирократски потешкотии, го прават преместувањето на трупите Ахилова пета на пактот, што само е во корист на неговиот „противник“ – Русија, наведува весникот

„Логистиката често се гледа како нешто досадно, но без неа производите не доаѓаат до супермаркетите, а НАТО трупите без истата, исто така, не можат да стигнат до своето одредиште“, пишува колумнистот на „Фракфуртер алегмајне цајтунг“ Елизабет Брав.

„Несметаното и слободно преместување на трупите во Европа е од големо стратешко значење“, изјавил командантот на американските сили во Европа Бен Хоџиз. „Мораме да се движиме брзо или побрзо од руските трупи. Тогаш во вондредните ситуации политичарите ќе имаат повеќе алтернативи, на пример како за ослободување на Балтикот“, додава Хоџиз.

Како што пишува авторката на текстот, во добата на Студената војна трупите на НАТО изведуваа големи вежби во Европа, за време на кои војниците преминуваа големи растојанија. Командантите точно знаеа колкава тежина можат да издржат улиците и мостовите, кои тунели се на располагање за премин на тенковите и така натаму. Денес тоа дефинитивно никој не го знае. „Батаљонот на НАТО во Балтичките земји и Полска е сигнал но не и застрашување. За застрашување е неопходен план за мобилизација“, истакнал пензионираниот британски генерал Ричард Баронс.

За време на деведесетите години НАТО престана да собира податоци за инфраструктурата во Европа, а денес одново почнува тоа да се работи. Меѓутоа, тоа би требало да се прави многу побрзо за да се изврши неопходен ремонт. НАТО исто така заостанува позади Русија по бројот на вежби: од почетокот на 2015. година Моска одржа три пати повеќе од Алијансата, тврди авторката.

Пред НАТО стојат многу предизвици, а логистиката е меѓу сите одлучувачки. „Мостовите, железниците и бирократијата се Ахилова пета на трупите на НАТО“, нагласува авторката на текстот. На пример, денес воените колони на Алијансата мораат да го пријават своето пристигнување 10 дена порано. Освен тоа, на границата царинската контрола ги прегледува сите документо. „Во случај на директен напад, сите бирократски препреки веднаш исчезнуваат, но без сигурна инфраструктура, трупите на НАТО нема да се движат побрзо од доставувач на јаболки. А без постојани воени вежби, ќе настане хаос.“, пишува Бравова.

Токму поради тоа ЕУ активно разгледува план за формирање на „шенгенска зона на НАТО“, благодарение на која трупите би можеле да се движат еднакво брзо како „европските туристи“. „Противникот нема да чека преговори НАТО и ЕУ. Русите најдбро знаат како стојат работите со можностите за преместување и борбената способност на нашите трупи“, заклучува новинарката на германскиот весник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This