Бислимоски доби бyбpeзи, но му фaли „кликep“, стpyjата го jaде стандapдот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поскапата цена на електричната енергија веќе започна да го јаде стандардот на граѓаните. Последиците од корона кризата заедно со новите поскапувања ги донесоа граѓаните на работ на егзистенција.

Граѓаните веќе ги чувствуваат ефектите од поскапувањето на електрината енергија, но тоа не е доволно за власта и претседателот на регулаторна, Марко Бислимоски да се откажат од поскапата цена на електричната енергија.

Додека тие остануваат на фактот дека поскапувањето е неопходно и дека нема да влијае врз стандардот на граѓаните, реалноста во Македонија ги демантира. Поскапувањето на електричната енергија уште на почеток ја отвори спиралата на зголемување на цените што им нанесува сериозен удар на семејните буџети на граѓаните.

Како резултат на покачената цена на електричната енергија веќе пораснаа трошоците за живот, на граѓаните кои пораснаа за 0,5%, додека цените на мало пораснаа за 0,8%, што го потврди и Државниот завод за статистика. Само во првиот месец на поскапа струја во Македонија веќе поскапи се и основните производи за живот, лековите но и производите за лична хигиена и голем број на секојдневни услуги.

Воедно и пресметките на Сојузот на синдикатите, говорат дека семејствата во август плаќале повеќе во однос на месец јули, односно на едно семејство му биле потребни 273 денари повеќе за основните потреби споредено со јули.

Покрај тоа голем број на компании велат дека со новата цена на струјата им се зголемуваат трошоците и поради тоа неопходно е да ги покачат цените на своите производи.

Дополнително на тоа, според пресметките секоја нова сметка за потрошена електрична енергија ќе биде поголема за 180 денари, а кога на тоа ќе се додадат сите други поскапувања, се нанесува сериозен удар врз џебот на граѓаните.

Ваквиот удар врз семејните буџети веќе ги натера граѓаните да го искажат својот револт на протести кои траат повеќе од еден месец, а воедно и среде дебата на телевизија од Иницијативниот одбор против поскапување на електричната енергија, на Бислимоски му дадоа бубрези како симболика дека за да си ги платат сметките на граѓаните им останаа да ги донираат уште бубрезите.

Додека првиот регулатор Бислимоски и владејачката СДСМ ги убедуваат граѓаните дека сето тоа нема да има голем ефект на стандардот и дека овие трошоци не се големи, граѓаните велат дека парите за леб сега ќе ги даваат за да ја платат струјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This