БИТКАТА НА ЕДНА ХРАБРА МАЈКА: Мицоски ја сподели приказната за Весна со 200 евра прехранува три деца и сопруг стечаец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера имаше свое обраќање на настанот во организација на Унијата на жени, по повод претстојниот празник 8-ми март.

Тој пред големиот број на жени во публиката ја сподели приказната на Весна, мајката на три деца, која живее во страв дека не може да го прехрани своето семејство.

-Преку моите контакти со граѓаните, се запознав со Весна од битолско, мајка на 3 деца, со сопруг стечаец уште од криминалната транзиција кој чека да ја исполни старосната граница за да оди во пензија, бидејќи поинаку работа за него нема. Вели „се прехранувам со моите 200 евра плата, а работам од мојата 18-та година. Дневно работам по 12 часа“. Додава дека ако не е земјоделието и работата на земја на соседите кога ги ангажираат, не може да се прехрани семејството. А децата треба да се прехранат и соодветно школуваат. Лошо ќе биде уште ако ја зголемат старосната граница за пензионирање, за што веќе има најави, тоа ќе значи уште две или три години продолжена агонија. Почитувани, ова е реална и мачна слика од нашето секојдневие која мора да се промени, судбина која ја споделуваат многу жени не само од Битола, туку од Тетово до Струмица, од Куманово до Гевгелија. Во мене ова пробуди чувство на жал за мачната судбина, но и почит, голема почит за оваа жена борец за своето семејство, раскажа Мицкоски.

Јасно порача дека владата мора да покаже активизам, македонската жена да добие шанса, услови за да се развива, да има можности која ќе ја направат активен член на општестото и двигател на развојот.

-Да отвори борба против семејното насилство каде најчесто се жртви жените, да влезе во бескомпромисна борба против злоставувањето на жените. Одговорноста мора да има име и презиме во оваа држава. Ние за жал станавме држава со секојдневие, каде на вестите се информации за злоставувани штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми, и за тоа имаме отсуство на целосни информации, а чуството дека станува збор за посериозен проблем се заменува со обидот да се сокрие скандалот само за да нема политичка одговорност. Па следните денови ќе дознаеме од медиумите како е тепана полицајка, но веќе утредента кога ќе се сретне со министерот за внатрешни работи, дава изјава дека станува збор за самоповреда од пајак возилото. Нешто што не само што е дезавуирање на положбата на македонската жена, не само што станува предмет на шега на социјалните медиуми туку е и повреда на интелегенцијата на граѓаните. Имаме манифестација на сила, наместо спроведување на правда, а кога силата ќе почне да говори, законот останува недостижен, истакна тој.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This