БИТКОИНОТ БИ МОЖЕЛ ДА ВРЕДИ 340.000 ДОЛАРИ: Биткоин милијардерите Винкелвос со предвидување за Биткоинот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Биткоинот има потенцијал да порасне за 40 пати од неговата актуелна вредност, според милијардерот со криптовалути Камерон Винкелвос, кој ја опиша водечката криптовалута како „подобра од злато“, во смисла на инвестициска вредност

„Да се земе биткоинот во изолација…ние мислиме дека биткоинот ја пореметува цената на златото. Мислиме дека е подобро од злато, ако ги погледнете карактеристиките на парите. И што го прави златото, злато? Неодстатокот. Биткоинот има фиксна количина што значи дека е и подобро од златото…лесно преносно, и поиздржливо. Речиси е еднакво и подобро од златото кога ќе се спроедат“, вели Винкелвос за Си-Ен-Би-Си.

„Значи, ако погледнете во пазарниот уддел од 100 милијарди, минатата недела можеби бил поголем со 200, значи сега е вистински момент за купување, мислиме дека постои потенцијал за апрецијација на вредноста за 30 до 40 пати, затоа што ако го погледнете и споредите со пазарот на злато тој денес е 7 трилијарди. Што значи, многу луѓе почнуваат да го гледаат тоа, да ги препознаваат вредносните карактеристики. Затоа мислиме дека без разлика на ценовните движења во последните недели, сеуште е многу потценета вредноста“, вели Винкелвос.

Од четвортокот, пазарот со биткоин капитализираше на околу 150 милијарди. Според предвидувањата на Камерон Винкелвос, цената на биткоинот би можела да порасне од актуелните 8.500 долари на повеќе од 340.000 долари со пазарен уддел од 6 трилиони долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This