Битолските гинеколози kaзнети само со намалување на платата, од денес се враќаат на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скандалот со извршен царски рез во битолската болница, од страна на лекар без лиценца, спроведена е дисциплинска постапка против оние кои тоа го дозволиле. Овој настан излезе на виделина кога двајцата гинеколози од Клиничката болница во Битола ги пречекорија своите овластувања и дозволија сопруга на едниот од нив да изврши операција царски рез, иако за тоа не поседува лиценца.

По спроведената дисциплинска постапка, изречена им е мерка со која во следните шест месеци, овие доктори ќе земаат 30% пониска плата. Ова е највисоката казна што можеа да ја добијат според Законот за здравствена заштита. Со ова заврши дисциплинската постапка и двајцата лекари, кои беа суспендирани, денеска се вратија на работните места.

Истовремено поднесени се и кривични пријави против двајцата гинеколози, по повеќе основи, меѓу кои и злоупотреба на службена должност и фалсификување службена исправа, додека против лекарката која ја извршила операцијата и не поседува лиценца, пријава за надрилекарство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This