- Advertisement -
На 02.08.2021 во 19.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на крстосницата со патот за село Драгожани, С.Б.(47) од Битола, со живеалиште во САД, управувајќи патничко возило џип „вранглер“, со битолски регистарски ознаки, излетал од патот, велат од полицијата.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Б., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Битола.