БИХАЌКА ОПСЕДНАТА ОД ГРУЕВСКИ: Колку повеќе неуспеси има СДСМ, толку повеќе напади врз нивната ноќна мора – Никола Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес ново соопштение на СДСМ за Никола Груевски. Веројатно до вечер ќе има најмалку уште едно.

Како што стојат работите, колку повеќе неуспеси има СДСМ, толку повеќе напади врз нивната ноќна мора – Никола Груевски.

Колку повеќе се ближи денот за Груевски без вина и со политички прогон да влезе во затвор, и колку повеќе расте отпорот кај народот заради очигледната неправда, толку повеќе соопштенија на СДСМ против Груевски.

Денес во бес и нервоза заради скандалозното потпишување анекс на договорот за градбата на патот Кичево-Охрид со кој владата на СДСМ се договори наместо претходно договорените 400 милиони евра, на изведувачот да му плати речиси 600 милиони евра, значи скоро 200 милиони евра повеќе од што договорила владата на Груевски, нервозни заради оправданите критики заради ова, повторно СДСМ ги нападна Груевски и Јанакиевски, дури и за оваа нивна одлука за поскапување на патот за 200 милиони евра!?

Пак Груевски им е крив, 5 години откако е потпишан договорот за градба на овој пат и година и пол откога тие од СДСМ се на власт.

За потсетување, во минатото СДСМ ги обвинуваше Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека 400 милиони евра за тој пат, колку што се потпиша договорот од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ, биле многу и дека Груевски и Јанкиески земале провизија.

А сега тие потпишуваат анекс патот да е поскап за 50 осто. Колку ли провизија тие земаат? И уште играат мајтап со народот велејќи дека притоа заштедиле 100 милиони евра. Па нели 400 милиони беше прескапо?

Во соопштението се повикуваат на тоа дека против Груевски и Јанакиески се водат судски постапки за тој пат, ама не кажуваат дека не се за никакви провизии, штета на буџетот или поткуп.

Обвинение за поткуп има против челникот на СДСМ.

Против Груевски во предметот Траекторија, за патот Кичево-Охрид се води постапка со обвинение дека влијаел да се изгради патот со цел да оствари политички поени кај граѓаните за изградениот пат на следните избори.
Поглупаво обвинение не можеле да смислат.

Против Јанакиески и Пешевски постапката е дека не оделе по закон за јавни набавки, туку со специјален закон, кој во тоа време го изгласаа сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но и сите пратеници на СДСМ.

Каква иронија!
Тие, СДСМ го гласале законот, а сега плукаат и напаѓаат со дрва и камења за законот за кој гласале и го обвинуваат Груевски.

Какви парадокси!
Одат со нов закон со кој истиот пат ќе поскапи за 50 осто, односно од 400 на скоро 600 милиони евра. И немаат вина тие, туку Груевски и Јанакиески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This