БИХ ПОД ЛУПА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Еврокомесарот Хан очекува конкретни резултати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесарот за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан, на средбата со претседателството на БиХ, Милорад Додиќ, Жељко Комшиќ и Шефиќ Џаферовиќ, која се одржа во Брисел, им порача што побргу да формираат власт во БиХ.

 Хан го поздрави колективниот договор на членовите на претседателството за унапредување на перспективата за ЕУ како стратешка цел на земјата, пренесува „Кликс“.

Комесарот нагласи дека земјата сега треба да се сконцентрира на конкретни и видливи реформи, да избегнува деструктивни дијалози или било какви дејствија кои ќе го попречат патот на земјата кон ЕУ.

„За таа цел неопходно е да се формираат владите кои беа избрани на изборите во октомври 2018 година“, истакна тој.

Хан ги повика водачите на БиХ во најкраток можен рок да достават ускладени и координирани одговори на 656те прашања, во спротивно нема да  добијат статус на кандидат.

„Следното мислење на Европската Комисија ќе биде сеопфатна анализа на реформите кои итно треба да се спроведат и имплементираат, посебно во сферата на владеењето на правото и основните човекови права, каде што има очигледн недостатоци и прекршувања“, заклучи Хан,  пренесува Танјуг.

Членовите на претседателството на БиХ денес ја завршија дводневната посета во Брисел, на која се сретнаа со највисоките претставници на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This