April 23, 2024, 11:56 am

БИЧИКЛИСКИ ДО ХАЛИЛИ: Албанци, Турци, Роми, Власи и други народности и вие сте деца на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бичиклиски до Халили: Посочете ми друг пример од политичка партија која со проглас или друг документ се обратила до етничките заедници за заштита на нивните права.

bicikliski

Господине Халили, посочете ми друг документ од било која политичка партија во Македонија, која што со проглас или било каков документ се обратила до етничките заедници, за заштита на нивните права, му се обрати на Халили во својот Фејсбук статус Александар Бичиклиски.

bicikliski.gif5_

Во својот статус тој го потсетува на неколку историски моменти.

„За Халили и прогласот

„Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија? “ Гласеше референдумското прашање, за македонскиот референдум за независност, одржан на 8 септември 1991 година, кој резултираше со прогласување на независниот на Република Македонија.
Една година пред конституирањето на Македонската држава, на 18 Октомври 1990 година, ВМРО-ДПМНЕ излезе со проглас, во кој напиша:
„Албанци, Турци, Роми, Власи и други народности на Македонија!
И вие сте деца на македонската земја. И вие имате право на слободен национален развиток и на демократски живот. Македонија е и ваша татковина. Затоа нејзината иднина е еднакво значајна и за вас. ВМРО-ДПМНЕ е верна на Илинденскиот манифест од 1903 година и се залага за братство и рамноправност меѓу сите народности во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ зема свечена обврска дека македонската држава во идната конфедерација на сите народности во свечена обврска ќе им ги гарантира националните права кои се предвидени во резулуциите на ОН и Хелсиншката конференција. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија не е загрозена од своите народности туку од своите империјалистички соседи. Среќата на македонскиот народ е и ваша среќа. Затоа, приклучете се на ВМРО-ДПМНЕ, која оди по сопствен македонски пат и нема да ве одведе во волчјите усти на балканските империјалисти.“
Еве да ви одговорам веднаш не постои никаде во документот конфедерација на народите во Македонија.
Сега одиме дел по дел, ве молам за внимание, за да повторно не разберете погрешно !
Овие два документа ви ги презентирам господине Мухамед Халили, кои што впрочем потекнуваат од ваше време, од времето кога бевте пратеник во Собранието на Република Македонија ( 1991 – 1994 ) . Во истото она Собрание, во кое вие и тогашната ваша партија ПДП не учествувавте во гласањето за потврдување на референдумското гласање, т.е. бевте против создавањето на Македонската држава.
Читајќи го вашето толкување на Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ, се заклучува дека вие или добро не го познавате македонскиот јазик или намерно манипулирате со добро познати факти. Па во вашата колумна за просдсмовскиот портал Плусинфо, пишувате:
„Тргнувајќи од горенапишаното јавно ги прашувам моите другари од ВМРО-ДПМНЕ составувачи на овој проглас дали се уште стојат на прокламираната „Конфедерација на народностите“ и како ја замислија таа имајќи ја предвид целата предизборна кампања во декември 2016 год. против политичките партии (односно против Заев) дека тие сакаат да ја федерализираат Република Македонија.“
Ве повикувам уште еднаш погледнете го делот од прогласот на кој се повикувате и кажете каде тоа ВМРО-ДПМНЕ се залага за конфедерација на Македонија. 
„ВМРО-ДПМНЕ зема свечена обврска дека македонската држава во идната конфедерација на сите народности во Македонија ќе им ги гарантира националните права кои се предвидени во резулуциите на ОН и Хелсиншката конференција.“
Со причина ви го цитирам и референдумот и прогласот, да сватите дека „конфедерацијата“ не се однесува на Македонската држава, туку на СФРЈ и некоја идна форма на конфедерација, ако тогашните прилики ја наложеа, бидејќи тогаш гласините, но и самите политики водеа во правец дека распадот на федерацијата можеби нема да биде бурен и наеднаш, туку првин би имале конфедерација на држави, како олабавена форма на федерација, за после тоа да произлезат националните држави.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагаше за доброто на Македонскиот народ и донесуваше одлуки во корист на целата држава и нејзините граѓани.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, некој очигледно тоа не го правеше. Па оттука треба да си го поставиме и прашањето зошто вие господине Халили не го подржавте и не учествувавте во гласањето во Собранието на Македонската химна, знаме, грб и устав ? Иако ја имавте шансата не се вградивте во македонската државност. Вие не бевте ни вечерта на Плоштад Македонија кога ја прославуваме македонската независнот, произлезена од вољата на нејзините граѓани.
Затоа мошне бледо и неубедливо изгледа кога вие зборувате за Македонија, нејзините граѓани и демократијата.
Во вашата колумна исто така ја посочувате Белгија, како пример за составување на Влада. Па зарем добар пример вие Белгија, која три години не направи Влада ? Велите дека таа земја има 6 парламенти, 5 влади и 3 региони и дека главна тајна според вас во составувањето на владите е спремноста на сите партии за политички дијалог !?
Зарем е спремност за дијалог уцените од БЕСА, Алијанса и СДСМ за формирање Влада ? Уцената е за вас политички дијалог ?
Па ве прашувам дали во Белгија, двата конститутивни народи ја признаваат Белгиската држава, Белгиското знаме, Белгиската химна и Белгискиот грб ? Кои вие во Македонија никогаш не ги признавте !
Во делот на вашата оцена за тоа кој треба или не треба да биде мандатар и како треба да се одвива целиот процес, сметам дека тргате од желби, а не од примената на правото и законите. Во Македонија постојат закон и институции, кои треба да ги почитуваме сите, посебно вие лично како човек од правната фела. 
ПС. 
Господине Халили, посочете ми друг документ од било која политичка партија во Македонија, која што со проглас или било каков документ се обратила до етничките заедници, за заштита на нивните права.“bicikliski

bicikliski.gif1bicikliski.gif2bicikliski.gif3bicikliski.gif4

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This