БИШЕВАЦ ГИ НАПРАВИ ПУЗДEP: Јавноста допрва ќе осознава со какви методи власта на СДСМ трча по пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сафет Бишевац, поранешниот пратеник на СДСМ за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија изјави дека помислата на Заев и СДСМ дека нивниот прав пат има само две траси преку Атина и Софија за да се стаса до Брисел, се покажа дека тоа не е точна. Според него дури Макеоднија да успееше да добие датум за почеток на преговори со Европската Унија, државата ќе беше пак земја без правда, земја со уништено образование и катастрофално здравство.


-По Самитот, никаде го нема Димитров и првото што требаше да го направи беше да поднесе оставка на функцијата бидејќи ова секако е неуспех на надворешната политика на државата, бидејќи тој беше репрезент на целиот процес заедно со премиерот и министерот за евроинтеграции, кој исто така мислам дека требаше да поднесе оставка, изјави Бишевац.

Како што рече Бишевац, скандалот Рекет извршил големо влијание за недобивањето на датум за преговори. Тој рече дека целата јавност е свесна дека таква игра на рекетирање не е можна без политичка заштита.

-Рекет покажа дека државата функционира на тој начин, тоа со Бојан и со Катица Јанева што го видовме е урнекот на кој функционира целото општество. Зарем мислите дека само таму функционира така? Прашајте ги бизнисмените, видете што се случувало во Рекет 2, допрва ќе се осознае со какви всушност методи се трча по пари. Целата филозофија на владеење се сведува на енормно брзо богатење на одредена клика на луѓе свесни дека веројатно оваа приказна ќе трае до првите парламентарни избори, дециден беше Сафет Бишевац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This