April 26, 2024, 11:25 am

Бишевац: Голем дел од министрите на СДСМ треба да останат без работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија го изрази своето незадоволство од работата на актуелната власт предводена од неговата матична партија. Имено тој има забелешка за голем број од министрите на СДСМ, кои според него изминативе две години не сработиле ништо и токму поради тоа треба да останат без работа. Според него фокусот на дел од министрите и Заев на промената на името не е оправдување за неработата на останатиот дел од владините министри.

-Нема оправдување за начинот на кој што дел од министрите од Владата на Зоран Заев ги поминаа овие две и половина години. Ако поставиме теза дека тимот околу Заев што ги водеше преговорите со Бугарија и со Грција и ако можеме да кажеме дека таа работа се заврши на начин на кој на некого му се свиѓа на некого не, но веројатно тоа бил единствениот начин и оваа Влада била решена да го направи тоа. Нема никакво оправдување за она што се случува во многу повеќе ресори во Владата каде што, нека ми извинат министрите, меѓутоа ми се чини дека најголем дел од нив ги преспаа овие две и половина години. Ќе разберев дека ако сега барем излезеа со проекти, со конкретни акции, со планови, со политики кои ќе ги водат и ќе ги спроведуваат, тоа ќе беше ок, добро потрошено време. Меѓутоа за жал ми се чини дека од тоа нема многу, бар ја не гледам, можеби има, но јас не го гледам и мислам дека тука Заев сериозно и ќе мора и ќе треба да направи сериозна реконструкција во својот кабинет и на дел од министрите да им се заблагодари на досегашната работа бидејќи е очигледно дека работиве не идат во правец во кој пред да дојдат на власт ги носеа и ги канализираа политиките и своите заложби, вели Бишевац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This