April 18, 2024, 11:07 pm

БИШЕВАЦ: Наредната пролет избори, ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ, ако вака продолжи Заев резултатот е извесен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац кој гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека анкетите говорат оти ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски во овој момент има поголем рејтинг од СДСМ и Зоран Заев.

Тој вели дека ако продолжи таа тенденција, исходот на следните избори е повеќе од јасен.

-Две работи му се случија денеска на Заев- ocтавката на Петар Атанасов, прв сepиозен удap на политиките на Заев каде има ceриозни обвинyвaњa за начинот на функционирање на оваа власт. И второ, изјавата на францускиот амбасадот Тимоние- чекајте бе луѓе што сте запнале со датумот, и немањето на реакција на неговата изјава од страна на власта, вели Бишевац.

Тој порача дека власта нема ниту една ceриозна реформа во клучните области и ресори.

Бишевац објасни дека сега Заев ќе плива во водите на популизмот, со приказни за зголемување на плати, со влезот во НАТО и добивање на датум за преговори. Тоа значи дека на почетокот на годината ќе имаме пржинска влада и на пролет би требало да имаме избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This