April 26, 2024, 11:35 am

БИЉАЛ КАСАМИ: Мнозинството е можност да се интервенира за зајакнување на правата на Албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на едно од движењата Беса, Биљал Касами уште еднаш ја искористи можноста и потенцираше дека освен расправата за уставните измени за имплементација на договорот од Преспа треба да се посвети виминаие и на правата на Албанците.

„Обезбедувањето на 2/3 од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти.  Со измените уставот  ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници“ вели лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами.

Тој потенцира дека „Сега е можноста да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This