БЛАГИЦА ЛАСКОСКА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УЖ, ТИМЧО МУЦУНСКИ СЕКРЕТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА: ИК на ВМРО-ДПМНЕ со нови кадровски решенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени две одлуки во однос на кадровски решенија, информираат од партијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за нов Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да ја назначи Благица Ласовска, која до сега беше в.д Претседател. Благица Ласовска е поранешен Претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница одлучи за Секретар за меѓународна соработка да го назначи Тимчо Муцунски. Тимчо Муцунски е докторанд и асистент на правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This