БЛАГОДАРНОСТ ЗА ГЛАСОТ ЗА СЕВЕРНА: Ќерката на Емилија Александрова вработена во Фондот за иновации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сара Александрова, ќерка на одметнатата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова, од утринава е вработена во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Лидер од извори во Фондот.

– Колегите зборуваат дека ова е награда затоа што Александрова гласаше за уставните измени. Малата нема никакво работно искуство и ова и е прво вработување, а има само 23-24 години. – вели нашиот извор.
Лидер се обиде да стапи во контакт со Фондот за иновации, но од секторот за односи со јавноста не одговорија на нашиот телефонски повик.

Во јавноста е познато дека Александрова е во роднинска врска со екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Ова не е прв скандал кој го следи Фондот за иновации. Во претходниот се обелодени дека од Фондот се испумпувале пари за компании со роднинска и сопственичка поврзаност со високи функционери на власта.

Со оглед на тоа што ќерката на Александрова е без работно искуство може слободно да се протолкува дека се работи за нагарада за гласањето за уставните измени на оваа поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, која во меѓувреме беше исклучена од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This