,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ДО ЗАЕВ: Ви даваме зелена, црвена и бела боја за да си го офарбате лицето според чувствата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението „Блаже Конески“ денеска повторно протестира пред Министерството за надворешни работи против потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија. Тие со многу транспаренти повторно го искажаа својот револт. Денес истурија и боја пред министерството, Љубомир Симковски од здружението кажа дека „Шарената револуција“ го донела Заев на власт, но дека и шаренилото ќе го тргне од власт.

-Господине Заев, македонскиот народ живее во Бугарија многу векови пред вашите пријатели да ве донесат на власт. Во Бугарија нема Македонци само како туристи. Донесовме и ви даваме зелена, црвена и бела боја, за да го офарбате своето лице пред вашите вистински чувства, изјави Симковски.

Тој кажа и дека македонскиот народ постоел многу пред да има свој Устав.

-Господине Заев, македонскиот народ постоел многу време пред да има свој устав. Македонската историја е ткаена и градена во македонскиот народ, далеку пред вашите пријатели Борисов и Захариева да прават шеги со него, изјави Симковски.

Од здружението уште пред повеќе од една недела посочија дека тие се за соработка меѓу Македонија и Бугарија, но преку трговски и економски договори, а не преку договори со кои два различни народи би имале една, заедничка историја.

-За да имаме добри односи со соседите не ни е потребен договор. За тоа е потребна само добра волја, разбирање и меѓусебно почитување и уважување. Кога станува збор меѓу две држави, тогаш работата е многу чувствителна и комплексна. Државите меѓу себе обично потпишуваат трговски договори, а не договори за добрососедски односи. Кога пак, владите на двете држави решиле да потпишат таков договор тогаш во духот на транспарентноста потребно е со содржината на договорот да ги запознаат своите граѓани, а не тоа да го чуваат во тајност и да одлучуваат за историјата на два различни народи, истакна Љубомир Симковски тогаш.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This