„БЛЕСКАМЕ“ И ВО БИТОЛА: Протести на битолските земјоделци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неисплатените субвенции за млекото од 2018 година со 3, 5 денари по литар, ги разгневи пелагониските сточари и најодавжните од нив денеска излегоа на протест во Битола, пред канцелариите на Подрачната единица на Министерството за земјоделство. Во нивните реакции можеше да се почуствува силно незадоволство, бидејќи сега пред стартот на есенската сеидба парите им се најпотребни.

„Имам триесет крави, крај со крај не моземе да врзиме во месецот. И млекарата не тепа и субвенции немаме 18 месеци, на кило немаме земено, за теле немаме земено- рече Ризвановски Владо , фармер од с. Могила.- не сме задоволни и с`е полошо е овие две години оти од млекото немаме земено ниту денар. Што да се пофалиме кога сме прегазени- рече Сули усеиновски од с. Градешница.- одма под итно треба да си даде оставка, овој министер не е за земјоделието. Две години денар да не се земе за субвенциите, а сега е седибата, сега се силажите и сега ни требаат парите“, рече вамер Усеиновски од ситото село.

„Па, несме задоволни оти субвенциите треба да се исплатат во предвидениот рок, оти ние во септември треба да купиме силажа- рече Илче Чапуновски од с. Трн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This