Блеска од убавина: Анастасија ќерката на Наум покажа каква трудница е (фото)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена.

Постарите често знаат да кажат дека уште од самиот почеток на бременоста тоа се забележува на лицето, а во случајот на фолк-пејачката Анастасија Петреска тоа е евидентно.Од неодамна таа и нејзиниот сопруг Владимир, открија дека за неколку месеци ќе имаат проширено семејство, на што особено се радуваат.

Од последните објави на социјалните мрежи може да се види дека пејачката е од активните трудници кои не се штедат на прошетки во секоја прилика.Од приложеното може да се види дека нејзиното лице блеска и без шминка, а особено дополнителен украс е нејзината долга црна коса.
Анастасија е една од ретките пејачки што претпочита природна убавина, а особено во овој нејзин период, посебено блеска.

И нејзиниот татко Наум Петрески изјави дека е особено среќен што ќе стане дедо и ќе добие внука од својата прва ќерка.„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Петрески за Скопје 24.
Извор:read2enjoy.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This