April 24, 2024, 11:57 pm

БЛЕФ ИЛИ СЕРИОЗНА НАМЕРА: Со наближувањето на локалните избори, Села секојдневно „излегува“ од владата

Поврзано

- Advertisement -
Села добро знае дека неговите тројца пратеници се клучни за опстојување на владата која и онака има тенко мнозинство од 62 пратеници.
- Advertisement -

Со наближувањето на терминот за одржување на локалните избори, албанските партнери во владата го зголемуваат притисокот врз премиерот Зоран Заев.

Тие притискаат да биде донесен законот за употреба на Албанскиот јазик.Најгласен во барањата е лидерот на „Алијансата за Албанците “ Зијадин Села кој неколкупати се закани дека ќе излезе од владата доколку овој закон не биде донесен до истекот на стотте дена на владата кој истекува на почетокот на септември.

Но, јасно е дека дотогаш овој закон не може да биде донесен а тоа вчера го навести и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Тој беше јасен дека овој закон најпрво ќе треба да биде донесен од страна на владата, потоа за него ќе треба оценка да даде Венецијанската комисија, а дури потоа ќе може да влезе во собраниската процедура.

Села добро знае дека неговите тројца пратеници се клучни за опстојување на владата која и онака има тенко мнозинство од 62 пратеници. Досегашното однесување на Села говори дека најавите за негово излегување од владата се ефтин блеф кој има за цел да ја подобри позицијата на неговата партија пред локалните избори.

Доколку законот за употреба на Албанскиот јазик не биде донесен Села, но и останатите партии на Албанците ќе немаат со што да излезат пред своите гласачи на локалните избори во октомври.

Тоа минатата недела го навести и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој нагласи дека може да се клади дека Села нема да ја напушти владата.


– Јас се кладам дека Села нема ни ронка храброст да излезе од владата. Се кладам јавно. Туку треба само пред гласачите да се испере зошто закон за јазици нема да има до локалните избори, а тој се уште е во влада. Во влада е зошто му е така удобно, и заборави на потребите на Албанците, на реалните потреби на Албанците. Па ќе гледаме како ќе се убедуваат, уверуваат, па драма малку, и на крај ќе излезе Села и ќе каже ме увери Заев дека наскоро или по изборите ќе се донесе законот.И сега затоа ќе треба албанците да гласаат за нивната коалиција. Со исто ветување, две избори да превеслаат – изјави Груевски.

Партиите на Албанците пак за денеска најавија дека ќе имаат заедничка средба на која ќе се разговара до каде е имплементацијата на тиранската платформа.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This