Близнаците ги oчeкyвa пpилив нa пapи, нa Рибите ce им oди oд paкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Одличен ден за разговор за одобрување на кредит, позајмица или наоѓање на спонзор. Се што е врзано за туѓи пари, ви оди од рака.

Љубов: Заинтересирани сте за симпатија и убедени дека ќе донесе одлука да биде со вас.

Здравје: Стабилно здравје.

БИК

Работа: Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Работата стагнира, а вие не успевате да мрднете од мртва точка.

Љубов: Ве фрустрира ситуацијата во бракот, затоа што партнерот делува целосно незаинтересирано.

Здравје: Имунитетот е во пад, треба да го кренете.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве очекува прилив на пари што ви подигнува расположение. Амбициозни сте, вредни сте и во суштина задоволни како работата се развива.

Љубов: Не сте задоволни од емотивната сфера и не сте во можност да најдете партнер.

Здравје: Стабилно.

РАК

Работа: Одлично се развива некој судски процес, или добивате вест за донесено решение во ваша корист.

Љубов: И покрај тешкотиите, полни сте со надеж дека ќе дојде до подобрување на брачниот однос.

Здравје: Одлично.

ЛАВ

Работа: Ве очекува нова понуда. Во финансиска смисла е примамлива, па сериозно ја разгледувате.

Љубов: Запознавате личност која ви се допаѓа и има врска со странство.

Здравје: Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Работа: На работа ве чека нервирање поради лоша соработка со странци. Ве очекува и изненадувачки трошок кој ве исфрла од такт затоа што финансиската ситуација е лоша.

Љубов: Емотивното поле не ве интересира.

Здравје: Не е најдобро, загрозени се нервите.

ВАГА

Работа: Ситуацијата на работа е стабилна и се се одвива во мир и на задоволувачки начин.

Љубов: Емотивно сте незадоволни и одеднаш се впуштате во караница со партнерот која доведува до изненадувачко раскинување.

Здравје: Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работа: Наместо да се фокусирате на работите кои ви одат од рака, се фокусирате на проблемот кој долго време не успевате да го решите.

Љубов: Задоволни сте од стабилниот емотивен однос.

Здравје: Бубрезите се чувсствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Работата не се одвива како што треба. Има многу застој, проблеми, потешкотии, нервози. Имате впечаток дека работите на проблем за кој нема решение.

Љубов: Ви годи отворен и опуштен разговор со брачниот партнер.

Здравје: Пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Работа: Задоволни сте како преговорите се одвиваат, иако имате некои адути кои и натаму не ги откривате во случај преговорите да запнат.

Љубов: Не сте заинтересиани за емотивното поле, ниту имате желба да го подобрите.

Здравје: Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Работа: Одличен ден за решавање на правни прашање и за комуникација со претставниците на медиумите. Оставате впечаток на сериозна, одговорна и личност од доверба.

Љубов: Уживате во блискоста со саканата личност.

Здравје: Се чувствувате моќно.

РИБИ

Работа: Се ви оди од рака – соработката со странците и со надредената личност. Ве загрижуваат само финансиите и поради нив сте нервозни.

Љубов: Брачниот партнер ви пружа емотивна и материјална поддршка.

Здравје: Стабилно здравје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This