БЛОКАДА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: Работниците на ФЕНИ го блокираа магистралниот пат, поради неисплатени плати и стечајот на компанијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со блокада на патот Градско – Прилеп, работници од комбинатот „Фени индустри“ што замина во стечај, протестираат поради две неисплатени плати.

Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов рече дека платите им биле ветени веднаш по отворањето на сречајната постапка, но до денеска не ги добиле парите.

Палитов информираше дека протестите ќе продолжат се до исполнување на барањата.

– Бараме да почнеме да работиме, без разлика кој би бил инвеститор. И нормално, да ни се дадат двете заостанати плати, нагласи тој.

На протестот се и транспортери кои превезувале руда за кавадаречкиот комбинат. Тие информираа дека не им е платено од месец март.

– И ние посакуваме што поскоро да дојде инвеститор да не исплати и да почнеме да работиме. Се плашиме да не останиме без пари, рече Душко Пауновски.

Претседателот на транспортерите кои ги имало околу двеста со шеесетина камиони, Трајче Пејовски нагласи дека ќе ги бараат своите пари од банките кои како доверители побарале стечај.

– За еден месец имаме загуба од сто илјади евра. Банките си сметаат камати а ние чекаме додека камионите ни лежат, соопшти тој, информирајќи дека побаруваат околу четири милиони евра.

Транспортерите најавија дека од следниот протест ќе ги има во поголем број.

Протестот започна во 12 и ќе трае до 14 часот. Се пропуштаат само итните случаи.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This