Блокиран профилот на Билјана Ванковска на „Фејсбук“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Билјана Ванковска, гласен критичар на политиките на сите влади, на 24 часа беше блокирана од социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според постот кој по пријавата за хакиран профил го објави професорката Ванковска, ова го смета за обид за биде замолчена и ѝ се случува прв пат во 10 години, откако и ја користи оваа социјална мрежа за изразување на своите професионални и лични ставови.

„Епа, драги мои, и тоа се случи за првпат по десет години!

Профилот ми беше блокиран 24 часа (всушност, нешто подолго, нејсе), поточно јас бев оневозможена било што да правам на мојот или туѓите профили.

Ако мислевте (или се израдувавте) дека сум замолчала, сте се излажале. Ако во иднина ме снема, да знаете дека станува збор или за нешто вакво или ќе ме читате по весници дека ме привеле.

Колку повеќе притискаат и се служат со вакви средства, толку погласна ќе станувам и кон оние кои лично и кон оние кои оркестрирано (ќе) ме таргетираат.

Ќе продолжам само сега имам поважна работа, го пишувам текстот за Годишникот на ОБСЕ за Преспанскиот договор, па таму ќе кажам се што ми лежи на ум. А имам многу што да кажам! И таму ми ветија дека ја имам сета академска слобода и нема да ми го цензурираат текстот.

Материјалот расте од минута до минута!

Се читаме! I am back!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This