March 29, 2024, 12:43 pm

БЛОКИРАН УВОЗОТ НА СРПСКО БРАШНО ВО ЗЕМЈАВА: Следува раст на цените на лебот и производите од брашно, Србија воведува контрамерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трговското здружение „Житоунија“ ги обвини македонските власти дека неодамна се воведени мерки со кои увозот на брашно од Србија би бил „речиси неисплатлив“, пишува српска „Политика“. Од здружението бараат владата да воведе контрамерки за македонските производи

Според новата процедура, брашното од Србија кое се испраќа во Македонија е без македонски маркици. Потоа тука се складира, а дури потоа фитосанитарната управа утврдува дали увозникот може да употреби македонска маркица. Меѓутоа, мора да се распакува брашното и да се ангажираат луѓе. Таа процедура, се жалат српските производители може да трае и до месец дена.

„Со тоа на увозниците значително им се зголемени трошоците и работата со Србија станува економски неисплатлиа. Реално е да се очекува пад на извозот на домашното брашно“, вели Здравко Шајатовиќ, претседател на „Житоунија“.

За српските производители, Македонија е трет извозен пазар на кој годишно се пласира 30.000 до 40.000 тони брашно.

Од здружението поднеле иницијатива до министерот за трговија Расим Љајиќ веднаш да воведе реципрочни мерки за некои важни македонски производи.

Предлагаат да се изберат производи кои се пакувани во амбалажа, па по влезот во Србија да се пропише задолжително складирање, распакување и контрола на квалитетот, како и одново лепење на декларација и пакување, со додатно образложение дека тоа е вообичаена процедура која не ствара додатни трошоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This