БЛОКИРАЊЕ КРСТОСНИЦИ И ПРОТЕСТИ: ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека реваншизмот на СДС не престане, повторно блокада на крстосници и протест во 18 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хунтата ја уништи демократијата и правната држава. Државата е заробена, а институциите претворени во алатка на партискиот врв, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од партијата се истакнува дека судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда и правичност се страни поими за правосудниот систем под контрола на хунтата.

-Правосудните органи се користат како средство за замолчување на слободномислечките граѓани, партиските опоненти и искрените патриоти. СДС во 21 век, среде Европа повторно ја оживеа инквизицијата, неосновано затворајќи го секој еден кој не се согласува со нивните политики. Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека е неосновано обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело.

-Хунтата тоа го знае, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори. ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане. Потребно е национално помирување, а не поделби и леење зла крв во македонското општество, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека ова лудило на власта не престане.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај „Мавровка“;

– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This