Блokaдата од Бугарија останува: Ковачев, вели Албанија треба веднаш да почне преговори, Македонија да го исполни условот за добрососедство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев смета дека Албанија треба веднаш да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а Македонија да го исполни критериумот за добрососедство и да постигне напредок во спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.

Како што вели Ковачев за БГНЕС, нема логично објаснување зошто Албанија, откако ги исполнила сите критериуми и за тоа има едногласност во Советот на ЕУ, да не ги започне преговорите за членство во Унијата, што би било многу позитивен знак за целиот Западен Балкан.

Според Ковечев, тој не добил објаснување од еврокомесарот Оливер Вархеји на прашањето за Албанија, но добил потврда дека добрососедските односи се дел од условите за почеток на преговорите, а кажал и дека Македонија и Албанија ги исполниле сите критериуми. Сепак, бугарскиот европратеник тврди дека Македонија сѐ уште не го исполнила тој критериум.

– Сакам Северна Македонија да напредува најбрзо кон ЕУ. Тоа секогаш е наша желба, но како што реков на седницата на Европскиот парламент, без наследството на Тито и комунистичката диктатура. За тоа наследство нема место во ЕУ. Тоа е поврзано со мнпгу омраза, дискриминација и репресии. За нив нема место во ЕУ. Како што им реков и на колегите во парламентот, не станува збор за банален историски спор или билатерално прашање, туку за прашање за основни човекови права, вели Ковачев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This