БМВ ЌЕ ПOBЛEЧЕ 230.000 НОВИ ВОЗИЛА ОД ПАЗАРОТ: Погледнете кои возила се зафатени со pизиk од пoжap поради гpeшкa во моторот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради опасност од пожар, автомобилскиот гигант БМВ ќе повлече 230.000 возила од целиот свет, кои се опремени со четвороцилиндрични дизел мотори

Целата акција е започната уште минатата година, а сега, откако е откриено дека се зафатени повеќе возила, проширен е и опсегот на отповикување, пренесува „ХАК Ревија“.

Проблемот е во системот за рециркулација на издувните гасови, пишува ХАК. Исто така, според пишувањето на британски „Експрес“, зафатени се поголем број на модели на БМВ произведени во 2018. година, од серија 1 до серија 7, односно СУВ од Х1 до Х6. Сите сопственици на возилата ќе бидат контактирани, а услугите за сервисирање ќе бидат бесплатни, пренесува „Сибиз“

Од компанијата БМВ велат дека ризикот од пожар е минимален, но загрижените сопственици можат да проверат дали нивното возило е зафатено со овој проблем преку проверка на ВИН бројот на официјалната страница на БМВ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This