БОАТЕНГ ВЕЌЕ НИКАДЕ НЕ ГО ТРПАТ: Ќе игра за истанбулски гигант

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ексрепрезентативецот на Гана по славната позајмица во Барса лани ова време, сега е позајмен во Турција.

Кевин-Принс Боатенг до крајот на сезоната ќе игра како позајмен за Бешикташ. Боатенг е играч на Фиорентина, но не се наметна кај Виолетовите и тие решија да го позајмат во еден од најголемите турски клубови.

Во Турција оваа позајмица ја најавуваат како трансфер-бомба, но во пошироката европска јавност има скептицизам, особено по она што се случуваше минатата пролет, кога Боатенг од Сасуоло се пресели во Барселона и во каталонскиот тим беше „невидлив“, без никаков придонес.

Популарниот Принс е роден во Берлин, па кариерата ја почна во Херта, но за разлика од брат му Џером, кој играше за Германија, Кевин-Принс настапуваше за селекцијата на Гана. Потоа замина во Тотенхем, играше и за Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло, Барселона и Фиорентина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This