БОБАН НОНКОВИЌ: Не е важна бројката, бидејќи се случи – НАРОД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на катастрофалните услови (и временски и општествено-политички) , да, вчера излезе народ. Не е важна бројката, бидејќи се случи – НАРОД!

Според објавите на ФБ, гледам дека најголемиот дел од присутните, да не речам 90% се партиските членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е доказ дека партијата не ги спречила своите да излезат, туку, напротив, може да се рече и дека ги мотивирала да излезат.

Но, сега прашањето е што после ова и како да се зачува енергијата на народот и истата, барем некој (се надевам ВМРО-ДПМНЕ) да ја капитализира, бидејќи едно од главните барања од говорниците на протестот беше “предвремени парламентарни избори”.

Не смее да се дозволи разни удбашки креации, на неколкупати да го излетаат народот во празно, да му се исцица и последниот атом енергија и потоа да нема двајца-без-тројца да реагираат кога Заев и неговара хунта ќе пристапат кон промена на името (оти ова може да е сериозна стратегија на удбашите!).

ВМРО-ДПМНЕ падна од власт преку улица (“шарени”, но и странска интервенција, се разбира) и само преку улица ќе може единствената македонска политичка партија да се врати на власт!

Сметам дека барем еднаш неделно (ама сабота или недела, за луѓето да се послободни), треба да има вакви собири, додека е лошо времето, а партијата ВМРО-ДПМНЕ (ако е уште со македонскиот народ и ако има намера да ја турне хунтата на власт, а не да ја “загрозува” ) полека и со видни ликови да се приклучува на истите, за кога ќе стопли, собиранките да се интензивираат и омасоват.

Искрено, покрај тоа што со своето присуство, владиците Агатангел и Петар нѝ вратија надеж дека сѐ уште има Македонска во нашата Православна Црква, единствен политички и општествен капитал од вчерашните протести, со право имаа(т) само Антонио Милошоски, Мирка Велиновска и Миленко Неделковски!

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This